Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Против сектите arrow Одговор на учењето на адвентистите
Одговор на учењето на адвентистите
2.06.2008.

 

Б. Учењето на адвентистите:



 

Покрај напред наведените заеднички карактеристики скоро на сите секти, адвентистите (саботарите) неколку пати го предвидуваа датумот на Второто Христово доаѓање на земјата, а и денес сметаат дека Господ Исус Христос многу скоро ќе дојде. Сметаат дека папата е антихрист. Јадењето го делат на чисто и нечисто. Не употребуваат никаков алкохол. Славењето на саботата го наведуваат како доказ дека тие се единствената вистинска Христова црква.

Адвентистичката секта ја основал фармерот баптист Вилијам Милер и тоа кога по две неуспешни пресметки за второто доаѓање на Исус Христос (крајот на светот) во 1844 година Баптистичката „црква“ го исклучила од својот совет (јануари 1845 година). Бидејќи Господ Исус Христос не дошол, смислиле дека на „претскажаниот“ ден се случило чистење на небесната светост.

Милер не бил саботар, за сабота почнала да проповеда дури Еврејката Рахила Престон. Потоа се појавила „пророчката“ Хелена Вајт (1827 - 1915), која имала визии и „откровенија“. Таа многу пишувала.

Адвентистите имале уште еден неуспешен обид за пресметување на времето на второто Христово доаѓање (6. VI. 1925). Доаѓањето детално е опишано, но не се случило.

Сите овие пресметувања довеле до тоа многу луѓе да поверуваат, па ги распродале своите имоти, парите ги поделиле на сиромаштијата, по што некои се убиле, бидејќи останале без никакви средства за живот. Многумина по судски пат ги барале назад имотите, што пред тоа ги подариле. Таква е таа „вера“. Адвентистичките верници задолжени се на својата „црква“ да ì даваат десетина од сите свои приходи.

Адвентистите многу повеќе внимание му посветуваат на Стариот отколку на Новиот Завет. Кај нас се појавиле околу 1903 година.

Пред неколку години во Белград основале и „теолошки факултет“.

 

Православен одговор:

 

1. Што се однесува до прогнозата за времето на Второто Христово доаѓање, Он самиот за сите времиња рекол: „Никој не го знае ни денот ни часот...“ (Мат. 24, 36); и „не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт“ (Дела 1, 7).

2. Дали папата е антихрист? Имало многу папи, а Светото Писмо зборува за еден антихрист.

3. Апостолот Петар мислел дека јадењата треба да се делат на чисти и нечисти, па Господ го опоменал: „Она што Бог го очистил, ти не го сметај за нечисто“ (Дела 10, 15)

4. Што се однесува до употребата на алкохолот, сигурно дека е грев да се опива, но да го забранил Христос виното на свадбата во Кана Галилејска не би ја претворил водата во вино (Јован 2, 1-11). Во псалмот 104 (14-15) пишува: „Виното го весели срцето на човекот“. Да се прочита: Рим. 14, 14.

5. Најважниот аргумент на адвентистите е славењето на старозаветната сабота и отфрлањето на неделата. Меѓутоа, саботата е еврејски празник (2. Мој. 31, 12; Јован 5, 1-9) и се слави во спомен на излегувањето на Евреите од Мисир (5. Мој. 5, 1). Стариот Завет и закон престануваат (2. Кор. 3, 11) „сенка на новозаветната стварност“ (Кол. 2, 17). Пророкот Осиј (2, 11) прорекол укинување на саботата и сите старозаветни празници, а апостол Павле во Посланието до Колосјаните вели: „нека не ве осудува за јадење и пиење или за некој празник..., или сабота: тоа е сенката на иднината, а телото е Христос“ (2, 16-17).

Да се прочита: Лука 16, 16; Мат. 11, 13; Марко 2, 27; 2. Кор. 3, 7; Гал. 3, 24-25; 5, 4; 2. Мој. 2, 27.

Господ Исус Христос ни покажа кој дел е Негов: Евреите го прогонувале и сакале да го убијат зашто не им ја признавал саботата, во сабота лежел мртов во гробот, а во недела воскреснал, и донел спасение на целиот човечки род. Лесно е да се заклучи дека неделата, како ден на воскресението, неспоредливо е поважна од споменот на излегувањето на Евреите од Египет. Славењето на неделата - денот на воскресението почнува од апостолите (Дела 20, 7-8), додека на саботата ì го дале она значење што ì припаѓа, таа ì претходи на неделата, како што Стариот Завет му претходи на Новиот, како што законот им претходи на љубовта и благодатта.

Ние православните ја славиме саботата на соодветен начин: тој ден богослужбите се поинакви, забранет е пост, клечење итн.

За неделата да се прочита: Марко 28, 9-10; Марко 16, 12; Лука 24, 34; Јован 20. 1, 11-17, 19-29; Дела 1,4; 20,7-8...

Што се однесува до „пророчката Хелена Вајт“, апостол Павле нè упатува: „Клони се од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука“ (1.Тим. 4, 6; 6, 20).

За лажните пророци да се прочита втората глава од второто послание на апостол Петар!

 

 
< Претходно   Следно >