Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Крводарителска акција
Крводарителска акција
11.05.2026.

 

Sample Image

 

Возљубени,

со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во пресрет на одбележувањето на денот на светите рамноапостоли Кирил и Методиј, ќе биде организирана крводарителска акција. Акцијата ќе се изведе на 17.05.2026 година (недела), во административниот простор на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, по завршувањето на Светата Божествена Литургија, а ќе биде координирана од Црвениот Крст на Република Македонија.

Го повикуваме верниот народ од градот Велес, како и од целата Повардарска епархија, заедно со свештенството, да земе учество на оваа крводарителска акција, која придонесува за спасување човечки животи и зајакнување на јавното здравје.

Да спасиме живот!

Црква „Св. Кирил и Методиј“ Велес

17.05.2026; 09-14 часот

 

 
< Претходно   Следно >