Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Осветување на нов конак во Кавадарци
Осветување на нов конак во Кавадарци
11.05.2026.

 

Sample Image

 

Возљубени,

на 17.05.2026 година, по завршувањето на Светата Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци, ќе се изврши чин на осветување на новиот конак при црквата „Света Петка“.

Чинот на осветување на конакот ќе го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и други архиереи на САС на МПЦ-ОА, како и на бројно свештенство на Повардарската епархија.

Овој конак се изгради со средства на Повардарската епархија, како и со прилози на жителите на градот Кавадарци. Во овој новоизграден црковен конак, покрај параклис посветен на светиот архиепископ Мирликиски, Никола, чиј ктитор е Градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, има и библиотека, канцеларии, приемни простории, трпезарија, кујна и други помошни простории.

Ве покануваме сите, на молитвено присуство на овој радосен настан за црквата „Св. Петка“, градот Кавадарци и неговите жители, како и за целата Повардарска епархија.

† 08.30 часот

Пречек на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и архиереите на САС на МПЦ-ОА;

† 08.45 часот

Света Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и други архиереи на САС на МПЦ-ОА;

† 11.00 часот

Осветување на новоизградениот конак.

 

 Видео од новоизградениот конак

 

 
< Претходно   Следно >