Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Чествување на патронот во Македонската богословија
Sample Image      Sample Image
 
Sample Image      Sample Image
 
Чествување на патронот во Македонската богословија
9.12.2025.

 

Sample Image

 

На 06.12.2025 година, традиционално, по 58. пат, беше прославен патрониот празник на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во параклисот при Богословијата, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а на истата молитвено присуство зедоа: Неговото Блаженство, Ахриепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на Богословијата – Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и Митрополитите: Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Дебарско-кичевски г. Георгиј.

По Вечерната богослужба, во Богословијата се одржа и свечена академија којашто започна со благословување и прекршување на празничниот колач од страна на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

На свеченоста беа наградени најдобрите ученици од секој клас, а на самиот крај, пред присутните, се обрати и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој им се заблагодари на присутните, а воедно, и на светиот Климент Охридски за постојаното застапништвото и за молитвите.

Повеќе фотографии на страната на Скопската епархија

 

 
< Претходно   Следно >