


| Света Божествена Литургија во Кавадарци |
| 9.12.2025. | |
|
![]()
Во 26 седмица по Педесетница, на денот кога Светата православна црква ја чествува светата великомаченичка Екатерина и светиот великомаченик Меркуриј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот благоволи и го потстрижа во чин чтец Драган Делов од Кавадарци. По завршувањето на Литургијата се отслужи Молебен со помазание на сите присутни верни пред иконата на света Ксенија Петроградска.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|