


За православната вера и живот...
Настани во најава
10 години од осветувањето на црквата „Св. Петка“ | 10 години од осветувањето на црквата „Св. Петка“ |
| 22.10.2025. | |
|
![]()
Возљубени, со огромна љубов и радост, ги повикуваме сите кавадарчани, сите македонски православни верници од тиквешкиот крај и од цела Македонија, на 27. 10. 2025 година, во црквата „Св. Преподобна Параскева“ во Кавадарци, да земат масовно учество и со своето присуство да го збогатат свечениот семакедонски собор на кој ќе биде одбележан десетгодишниот јубилеј од осветувањето на овој прекрасен македонски православен храм. На овој понеделнички ден, кога се празнува споменот на Света Петка Епиватска, познат меѓу народот како Петковден, со почеток во 8. 30 часот ќе биде отслужена Света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и на други македонски Митрополити, членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Македонски православен народе, дојдете заеднички да ја споделиме оваа радост, зашто Вие сте храмот Божји, и Духот Божји живее во Вас! (1 Кор. 3, 16).
|
| < Претходно | Следно > |
|---|