


| Свети пророк Илија - Илинден |
| 2.08.2025. | |
|
На денот кога се чествува споменот на светиот пророк Илија, како и националниот празник на Република Македонија - Илинден, се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. Литургијата ја отслужи свештеник Јани Мулев, во сослужение на протоѓакон Васил Ристовски, а во молитвено присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Светата Божествена Литургија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел изврши канонска визитација на црквата „Лазарево воскресение“, која е во почетна фаза на изградба, а се наоѓа на градските гробишта во с. Раштани - Велес.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|