Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста |
5.12.2024. | |
На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Светата Литургија во сослужение на митрополитот Повардарски г. Агатангел и надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред иконата на Богородица и молитвено го побараа нејзиното застапништво пред Бога. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, а по завршувањето на Литургијата беа благословени и славските лебови. Повеќе информации на страната на Тетовско-гостиварската епархија
|
< Претходно | Следно > |
---|