Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветена црквата „Св. Наум Охридски“ во Велес
Осветена црквата „Св. Наум Охридски“ во Велес
10.11.2024.

 

Sample Image

 

 ФОТОГАЛЕРИЈА

 Да се радуваме бидејќи подигнавме дом Божји

10 ноември 2024 Лето Господово е денот кој Бог го благослови и го определи за осветување на велелепниот храм во Велес, посветен на светиот Охридски чудотворец, Наум. Со осветувањето на овој храм, се завршува изградбата на црковно-административниот комплекс при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, кој се градеше десет години, а во него покрај оваа црква има уште еден параклис, посветен на светиот Гаврил Велички, како и библиотека, канцеларии, приемни простории, трпезарија, кујна и други помошни простории.

Светиот чин на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот  Тетовско-гостиварски г. Јосиф, игуменот на Слепченскиот манастир, отец Серафим, како и бројно свештенство на Повардарската епархија.

По чинот на осветувањето на храмот се отслужи и првата Божествена Литургија во него. На Литургијата, со слово кон многубројниот присутен народ се обрати Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни верници од Велес, но и од други македонски градови. 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >