Осветување на црква - соопштение |
6.11.2024. | |
Возљубени, со огромна духовна радост Ве покануваме да присуствувате на осветувањето на новата црква „Свети Наум Охридски“, која се наоѓа во кругот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор. Храм „Свети Наум Охридски“ - Велес 09. 11. 2024 (САБОТА) † 16.00 часот - Празнична вечерна Богослужба на која ќе богослужи Митрополитот Повардарски г. Агатангел; 10. 11. 2024 (НЕДЕЛА) † 08.30 часот - Чин на осветување на новата црква „Свети Наум Охридски“; † 09.30 часот – Света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и бројно свештенство на Повардарската епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|