Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети великомаченик Пантелејмон
Свети великомаченик Пантелејмон
9.08.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 8 и 9 август секоја година, Велес го чествува споменот на својот патрон и заштитник, светиот великомаченик Пантелејмон. Овој празник се чествува и како официјален празник на градот Велес и под покровителство на Општината од пред десетина години и покрај тоа што жителите на градот Велес неговата закрила ја чувствуваат многу одамна, за што сведочи и изградбата на Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на овој светител, по чии молитви, градот бил спасен од страшната чума која се појавила во XIX век.

Празнувањето започна со Вечерна Богослужба на која голем број верници од Велес молитвено го просеа застапништвото пред Бога од светиот вмч. Пантелејмон, нивниот закрилник.

По Вечерната богослужба беше организирана Духовна академија на која со пригодни зборови се обратија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, градоначалникот на Општина Велес, г. Марко Колев, потоа поетското студио "Премиера" изведе прекрасен рецитал посветен на светиот великомаченик Пантелејмон, а на крајот го проследивме одличниот музички перформанс на инструменталниот состав "Trinity string's".

На самиот ден, како централен настан на празнувањето, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од целата епархија.

 

 

 
< Претходно   Следно >