Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Историја на МПЦ arrow Обиди за обновување на Охридската архиепископија
Обиди за обновување на Охридската архиепископија
20.03.2008.
Обиди за обновување на Охридската архиепископија
 

Желбите и настојувањата на македонската интелигенција и на македонскиот народ за обновувањето на Охридската архиепископија биле тесно поврзани со борбата за сопствена национална афирмација. Големите сили кога зборувале за реформи во ослабнатата турска држава, постојано го истакнувале и обновувањето на Охридската архиепископија - како самостојна, автокефална Македонска црква. Оваа реформа ќе требало да донесе културно и национално закрепнување на македонскиот народ, но во исто време и мир и спокојство на политички план во овој дел од Европа.
Токму заради тоа, не е случајно тоа што Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски и други македонски интелектуалци и борци за националните права на македонскиот народ, на возобновувањето на Охридската архиепископија ì даваат централно место, барајќи нејзино обновување како самостојна Македонска православна црква. И македонските студенти, преку својот весник „Македонски глас“ во Петроград, во 1913 година бараат независност за својата татковина Македонија и обновување на Охридската архиепископија - како национална црква на слободниот и независен македонски народ.
Меѓутоа, неповолните политички услови за Македонија имаат негативни последици и за Македонската православна црква. Со поделбата на Македонија, по Балканската војна, помеѓу Бугарија, Грција и Србија, на македонскиот народ му беа наметнати и црковните јурисдикции на соседните поробувачки народи. Ваквата состојба се задржала с# до ослободувањето на Македонија и оформувањето на самостојна македонска држава.


 
< Претходно   Следно >