Сретение Господово |
15.02.2024. | |
![]()
На празникот Сретение Господово, во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици од епархијата, отслужи света Божествена Литургија. На овој празник се извршува чин на осветување и благословување на црковните свеќи, па така Митрополитот и свештениците ги осветија и благословија црковните свеќи, а исто така овој чин се изврши во сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија. По завршувањето на Литургијата беше отслужен Молебен на Света Ксенија Петроградска.
|
< Претходно | Следно > |
---|