Богојавление - Водици |
19.01.2024. | |
Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите. Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 91 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Игор Јорданов од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови.
|
< Претходно | Следно > |
---|