|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
Свети Гаврил Велички |
12.01.2024. | |
![]()
На денот кога нашата света Македонска црква го чествува споменот на светиот епископ Велички, Гаврил, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во параклисот посветен на овој наш духовен горостас во градот Велес. Во параклисот беа изложени и мошти од светителот, на кои многумина верни се поклонија, просејќи благослов и застапништво од Лесновскиот чудотворец.
|
< Претходно | Следно > |
---|