Статии на Велики Петок |
22.04.2022. | |
![]()
Во храмот на светото Вознесение Христово во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на мноштво верни чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан Спасител наш, Господ Исус Христос, на која беа прочитани Пофални песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок, а потоа се изнесе светата Плаштаница околу храмот. Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/Snbmxog8RutxMfsN7 |
< Претходно | Следно > |
---|