![]() Возљубени, Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал. Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4 |
Реизданија на книги |
23.03.2022. | |
![]()
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, за полза на верниците во текот на Великиот Пост, а во очекување на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, се подготвија и излегоа од печат три нови реизданија на дела од издавачката дејност на Повардарската епархија, „Св. Ѓорѓи Полошки“. Станува збор за книгите „Старец Силуан“, „Лествица“ и Флавијан“, чии преводи ги приспособија протоереј Љупче Миланов (Старец Силуан), протоереј Игор Пармачки (ФЛавијан) и свештеник Јани Мулев (Лествица). Реиздавањето на овие книги е поради големиот интерес на нашата читателската публика, која во изминатите години со несмален интензитет пројавуваше интерес за овие дела, покрај многубројните други наслови кои ги издадовме. Нека и овие најнови наши изданија бидат за радост на сите во овие великопосни денови.
Предговор на книгата „Флавијан“: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=1855&Itemid=32
|
< Претходно | Следно > |
---|