![]() Возљубени, Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал. Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4 |
Светиот маченик Агатангел Битолски |
12.03.2022. | |
![]()
На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Божествена архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија. Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе свештеник Драги Гаштарски, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ. По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта. На многаја лета, владико свет!
Фотографии на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/iXJ1CPNvLeHgNLk7A |
< Претходно | Следно > |
---|