Божикна забава за децата со церебрална парализа |
7.01.2022. |
Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија и оваа година организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња. Оваа средба е традиционално Божикно дружење со овие дечиња и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес. Оваа година на забавата со своето присуство не почести и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, како и пратеникот Игор Здравковски.
|