Чествување на празникот на свети Климент во Скопје |
9.12.2021. |
 Патронот на Македонската црква, Свети Климент Охридски, торжествено се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централната прослава е во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Свети Климент. Оваа година со светата Божествена Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Епископот Антаниски г. Партениј, како и бројно свештенство на МПЦ-ОА, а во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.
|