Ракополагање на свештеник |
29.11.2021. |
На 28.11.2021 година, вo црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин ипоѓакон, теологот Петар Кабранов од Кавадарци, а потоа во чин свештеник, ѓаконот Душко Делов од Неготино. Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.
|