Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Собор на свети Архангел Михаил

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 
Собор на свети Архангел Михаил
22.11.2021.

 

Sample Image

 

Sample Image На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни, во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Долни Дисан се отслужи Света Ахиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители на Повардарската епархија.

На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред Светиот Архангел Михаил и молитвено го побараа неговото застапништво пред Бога.

На крајот на Литургијата верните се причестија со Светите Христови дарови.

 

 
< Претходно   Следно >