Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Преосветување - „Св. Кирил и Методиј“ Гевгелија

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР

 


 
Преосветување - „Св. Кирил и Методиј“ Гевгелија
22.09.2021.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа 19. 09. 2021 година, се изврши преосветување на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Чинот на преосветување на храмот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение на повеќе клирици на Македонската православна црква.

 По чинот на осветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број жители на градот Гевгелија. Црквата „Св. Атанасиј“ се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, како и нов фрескоживопис.

Sample Image Во предвечерјето на овој свет чин се отслужи празнична Вечерна богослужба.

 

 

 
< Претходно   Следно >