Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ракополагање на свештеник

Sample Image   

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Исполнети со огромна духовна радост од последните торжествени настани во нашата Богомдарувана Повардарска епархија, односно осветувањата на две нови духовни светилишта во градовите Гевгелија и Кавадарци, би сакале да Ве известиме дека сите заедно ќе посведочиме уште на еден таков радосен духовен настан.

На 14 Ноември 2021 година, ќе ја осветиме црквата „Св. Атанасиј Велики“ во центарот на градот Богданци. Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци, и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, не останавме рамнодушни, туку напротив веднаш започнавме со изградба на нов импозантен храм кој одново ќе го краси овој град. Со Божја помош и благослов, успеавме во нашите намери.

Тој ден е 14 ноември. Храмот на светиот Атанасиј, архиепископот Александриски, повторно ќе биде духовен светилник на Богданци. Затоа дојдете, заедно, соборно да се радуваме на неговото осветување.

 Митрополит Повардарски г. Агатангел

 
 
Ракополагање на свештеник
23.08.2021.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа 22.08.2021 година, вo црквата „Св. Спас“ во Гевгелија, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин свештеник, ѓаконот Милан Дојчиновиќ од Струмица. Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.

 
< Претходно   Следно >