Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Матурираше 53. генерација богослови

Sample Image   

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Исполнети со огромна духовна радост од последните торжествени настани во нашата Богомдарувана Повардарска епархија, односно осветувањата на две нови духовни светилишта во градовите Гевгелија и Кавадарци, би сакале да Ве известиме дека сите заедно ќе посведочиме уште на еден таков радосен духовен настан.

На 14 Ноември 2021 година, ќе ја осветиме црквата „Св. Атанасиј Велики“ во центарот на градот Богданци. Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци, и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, не останавме рамнодушни, туку напротив веднаш започнавме со изградба на нов импозантен храм кој одново ќе го краси овој град. Со Божја помош и благослов, успеавме во нашите намери.

Тој ден е 14 ноември. Храмот на светиот Атанасиј, архиепископот Александриски, повторно ќе биде духовен светилник на Богданци. Затоа дојдете, заедно, соборно да се радуваме на неговото осветување.

 Митрополит Повардарски г. Агатангел

 
 
Матурираше 53. генерација богослови
14.06.2021.

 

Sample Image

 

Денес, на 12.06.2021 година, беа доделени дипломите на 53. генерација богослови на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. На  чествувањето кое се одржа по отслужената Архиерејска Литургија присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој годинава беше и во функција на пратеник на Светиот архиерејски синод на матурските испити, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски и воедно ректор на Богословијата, г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ проф. Ѓоко Ѓорчевски, како и целокупниот наставнички колегиум на Богословијата.

Повеќе информации на веб-страната на Скопската епархија

 
< Претходно   Следно >