Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Чествување на патронот во Македонската богословија

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВЕН СОБОР

 


 
Чествување на патронот во Македонската богословија
8.12.2020.

 

Sample Image

 

Чествувањето на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот чудотворец Климент Охридски, секоја година најпрво започнува со празнични активности во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. 

Чествувањето започна со Вечерна богослужба во капелата на Македонската богословија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На вечерната богослужба сослужуваа свештениците, професори во Богословијата, а молитвено сите ученици богослови.

По завршувањето на Вечерната богослужба, беа доделени наградите на богословите со најдобри дела од конкурсите за проза и поезија. На крајот до сите присутни со празнично слово се обрати и ректорот на богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 
< Претходно   Следно >