Свети великомаченик Димитриј |
9.11.2020. | |
![]()
На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од градот Велес отслужи Света Божествената Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Божествената Литургија присуствуваа голем број на верници, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на светиот великомаченик Димитриј и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог. На Литургијата со празнично слово се произнесе протоереј Ристе Јанушев, по што верниците пристапија кон причестување со Телото и Крвта Христови.
|
< Претходно | Следно > |
---|