Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Успение на Пресвета Богородица, 2020
Sample Image
 
Успение на Пресвета Богородица, 2020
28.08.2020.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа празникот на Успението на Пресвета Богородица или како што уште го нарекуваме и Второ Воскресение, македонскиот народ повторно силно ја демонстрираше својата силна православна вера, својот вистински православен христијански дух, посетувајќи ги масовно храмовите низ целата држава, поклонувајќи се и просејќи благослов од Мајката Божја за застапништво пред престолот на Севишниот Бог. Недогледна колона од луѓе пред храмот на Успението на Мајката Божја во Велес, кои смирено го чекаат својот ред за да ја целиваат плаштаницата на Пресвета Богородица, поставена во средината на храмот. Големиот број на верници кои молитвено го очекуваат принесувањето на Светите Христови дарови за да се соединат со Христос, го одбележуваат овој прекрасен ден во градот Велес.

Sample ImageЧествувањето во Велес, започна на 27. 08. 2020 со Вечерна Богослужба, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на која служеше Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенослужители од градот. Во  средината на храмот беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица. Централниот настан на чествувањето беше Светата Божествена Литургија следниот ден со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес.

 
< Претходно   Следно >