Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Протоереј-ставрофор Маријан Радински замина во пензиja
Протоереј-ставрофор Маријан Радински замина во пензиja
6.07.2020.

 

Sample Image

 

 Sample Image На 05. 07. 2020 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се отслужи света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше протоереј - ставрофор Маријан Радински во сослужение на бројно свештенство од сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија. Со оваа Литургија официјално беше одбележано пензионирањето на протоереј - ставрофор Маријан Радински, со што тој по својата плодна и долгогодишна работа на нивата Господова заминува на заслужен одмор.

Протоереј - ставрофор Маријан Радински е роден на 01.04. 1956 г. во Берово. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Драчево. За ѓакон е ракоположен на 02. 03. 1979 година, а за свештеник на 03. 03. 1979 година. Од тогаш, па до заминувањето во пензија тој беше на парохија во Гевгелија.

Од името на целото свештенство и патство на Повардарската епархија, Му заблагодаруваме за долгите години чесно и совесно свештенодејство и му посакуваме уште долги години во здравје и крепост да ужива во пензионерските денови.

На многаја лета, оче!

 
< Претходно   Следно >