Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow 160 години од изградбата на црквата во Миравци

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

 Линк до филмот


 
160 години од изградбата на црквата во Миравци
3.06.2020.

 

Sample Image

 Sample Image На денот кога се чествува споменот на светиот цар Константин и светата царица Елена, во гевгелиското село Миравци беше отслужена света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј Љупче Миланов во сослужение на свештениците Петар Петрушев, Димче Ставревски и ѓаконот Влатко Велески. Годинешното торжество во чест на светите Константин и Елена беше зголемено и со одбележувањето на 160 годишниот јубилеј од изградбата на црквата во нивна чест во селото Миравци

  - Црква „Св. Константин и Елена”. Храмот е изграден во 1860 година. Во 1892 година првобитната црква била опожарена, но брзо била обновена, и тоа уште во текот на 1893 година. Градител на црквата бил Андон Китанов. Во 1989 година црквата во Миравци повторно била опожарена и разурната, со исклучок на надворешните ѕидови кои одолеале на огнената стихија. Храмот бил повторно обновен во 1990 година. Денешната подновена црква Св. Константин и Елена“ според својата архитектурна форма, е трикорабна со тавани и со полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест четвртасти колони во два реда. На јужната и западната страна има изградено нов отворен трем. По второто опожарување, внатрешните ѕидови на црквата не се зографисани, со исклучок на олтарната апсида од внатре, која делумно е покриена со нови фрески. Иконостасот, исто така е нов, изработен во 1990 година.

 
< Претходно   Следно >