Четврта статија од Богородичниот Акатист |
19.03.2018. |
Во четвртиот петок од Великиот Пост, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, беше остслужено мало повечерие со последната, четврта статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештенослужители од градот, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По читањето на последната статија од Акатистот, свештениците ги осветија петолебијата за здравје и спасение на верниците.
|