Прослава и во Кумановско-осоговската епархија |
17.10.2017. | |
![]()
На 15. 10. 2017 година, во Деветнаесеттата недела по Педесетница, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Високопреосветените митрополити г. Јосиф, г. Петар, г. Агатангел, г. Пимен, г. Иларион, г. Јосиф и г. Климент, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, каде што Кумановско-осоговската епархија свечено го прослави полувековниот јубилеј Македонската Православна Црква. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Повеќе информации на сајтот на Кумановско-осоговската епархија. |
< Претходно | Следно > |
---|