Канонска визитација во кавадаречкото намесништво |
11.05.2017. |
На 11. 05. 2017 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел беше во посета на неколку цркви во кавадаречкото архиерејско намесништво. Тој ги посети црквата во изградба „Вознесение Христово“ во демиркапиското секо Корешница, црквата „Св. вмч. Димитриј“ во кавадаречкото село Глишиќ, црквата „Св. Недела“ во селото Брушани, како и црквата „Св. Архангел Михаил“ во селото Дреново. При оваа посета присутен беше кавадаречкиот архиерејски намесник, страшините на посетените цркви и членови на црковните одбори.
|