Ракополагање на свештеник |
8.05.2017. |
На 07. 05. 2017 година, во Неделата на раслабениот, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од кавадаречкото намесништво отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин свештеник, ѓаконот Јовчо Крастовски од село Раброво.
|