Рождество Христово - Божик |
5.01.2017. | |
![]()
На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Мноштво верници од градот молитвено присуствуваа на Литургијата, а секоја година расте бројот на оние кои застануваат пред Светиот Путир за да ги примат светите Христови дарови.
![]()
На вториот ден од празнувањето на Рождеството Христово, кога уште се чествува и Соборот на Пресвета Богородица, Митрополитот Агатангел чиноначалствуваше со Божествената Литургија во храмот „Св. Параскева Петка“ во Кавадарци. На оваа Литургија, Митрополитот Агатангел по одлука на Синодот на МПЦ-ОА, го произведе протоереј Киро Ристов од Неготино, во чин ставрофор со право на носење на граден крст. |
< Претходно | Следно > |
---|