Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Недела на православието

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

 Линк до филмот


 
Недела на православието
21.03.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа сите архиерејски намесници и свештенослужители од градот Велес. На Литургијата со празнично слово за Неделата на православието кон насобраните верници се произнесе свештеникот Игор Пармачки.

По Литургијата беше извршен молебен кој традиционално се извршува во Неделата на православието.

Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.

 

 
< Претходно   Следно >