Трета статија од Богородичниот акатист |
24.03.2014. |
На 21. 03. 2014 година, во петок од третата седмица од Великиот Пост, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи третата статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа свештениците Горан Панзов, Борислав Бобевски и Драги Гаштарски, а во присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови.
|