


| Тодорова сабота |
| 10.03.2014. | |
|
Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“, како и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Светата Литургија на Тодорова сабота, како и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година во храмовите во градот Велес, пристапија речиси сите присутни верници кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|