Соопштение за Неделата на Простувањето |
27.02.2014. |
Се известуваат сите верници дека на 02. 03. 2014 година, во Неделата на простувањето - Прочка ќе се отслужи света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Литургијата ќе започне во 08. 15 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Се повикуваат сите верни, да присуствуваат на оваа Литургија, за да можеме сите заедно молитвено да побараме прошка од Бога и да добиеме благослов за почнување на Великиот Пост во кој преку покајните великопосни служби, преку нивните молитви, коленоприклонувања, метанија, дојдеме до покајание и помирување со Бога. Оваа Литургија ќе биде директно пренесувана на Македонската телевизија.
|