Недела на Блудниот Син, Валандово |
17.02.2014. |
Во Неделата на Блудниот Син, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Валандово. На Литургијата присуствуваа многумина верни од кои дел се причестија со Светите Христови Дарови. Литургијата беше збогатена со ангелските звуци на црковниот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес.
|