Рождество Христово - Божик |
10.01.2014. |
На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на епархијата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На вториот ден од празнувањето на Рождеството Христово, кога уште се чествува и Соборот на Пресвета Богородица, Митрополитот Агатангел чиноначалствуваше со Божествената Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи јероѓаконот Паисиј во чин јеромонах. На трет ден Божик, кога уште се чествува и споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, Митрополитот Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј“ во Негорци.
|