Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Сеноќно бдение
Sample Image

Возљубени,

Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник).

Сите останати услови остануваат непроменети.

 
Сеноќно бдение
3.01.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image Годинава по вторпат на 31. декември ноќта со почеток од 23 часот се одржа сеноќно бдение во Велес. Повторно оваа година насекаде се раширија молитвите упатени во Успенскиот храм на Пресвета Богородица. И додека целиот град надвор славеше за дочекот на новата година, и ние присутните во Успенскиот храм славевме, но на поинаков и подостоинсвен начин.

На бдението чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на монашкото братство од Серменинскиот манастир, јеромонах Атанасиј, јеромонах Спиридон, јероѓакон Пајсиј и свештениците отец Игор Пармачки и отец Драги Гаштарски. Црнорисците и останатите богослови на вечерната и утрената служба нè удостоија со молитвено источно православно пеење, додека малото женско византиско хорче славословеше на Литургијата. Верното христијанско стадо кое го имаше во многуброен број од ширум цело Повардарие, достојно и пристапи на Светата Причест, а на крајот сите заедно присуствувавме на една љубовна трпеза.

Ние присутните ја имавме најтоплата ноќ оваа година. Нека нè држат нашите срца така до дочекот на Рождеството Христово та сите повторно да се собереме и да го прославиме Новородениот и Вечен Бог.

 

За сајтот на Повардарската епархија известува Маја Цаневска - Везилка

 

 
< Претходно   Следно >