Ракополагање на свештеник |
22.11.2013. |
На празникот на Светиот архистратиг Архангел Михаил и другите бестелесни сили, во храмот „Свети Атанасиј“ во Неготино, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Божествената Литургија сослужуваа свештенослужители од сите намесништва на Повардарската епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин свештеник, досегашниот ѓакон, дипломиран теолог и магистар по теолошки науки Дарко Милев од Кавадарци. Во своето слово, Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род. Со празнична беседа, пред насобраниот народ во црквата се обрати протоерејот Томе Јованов. Поголем број од верниците кои молитвено ја проследија Литургијата се причестија со Светите Христови дарови.
|