18.11.2013. |
Во недела на 24. 11. 2013 година, на денот кога Светата православна црква ќе го чествува споменот на Светиот великомаченик Мина и Преподобен Теодор Студит, со почеток во 08, 15 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес ќе се отслужи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од градот. Истовремено Ве известуваме дека од оваа Литургија ќе се врши директен пренос на Македонската Радио Телевизија.
|