|
Осветување на нови црковни простории |
|
21.10.2013. |
|
На 20. 10. 2013 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во валандовското село Јосифово. На литургијата сослужуваа повеќе свештеници од гевгелиското намесништво на епархијата. По Литургијата, Митрополитот и свештениците извршија осветување на новите црковни простории и на црковната трпезарија. По чинот на осветување на новите простории Митрополитот Повардарски г. Агатангел на сите добронамерници кои ја помогнале изградбата на помошните црковни објекти им додели благодарници.
|