Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Осветување на камен-темелник за нова црква |
15.10.2013. | |
На 05. 10. 2013 година се изврши освет на камен-темелник на нова црква во селото Нежилово, општина Чашка. Чинот на осветување на камен-темелникот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители. Новата црква во селото Нежилово ќе се гради во чест и слава на светата маченичка Параскева Петка, Римјанка. Црквата ќе се гради со средства од жителите на селото и Повардарската епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|