Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Молебен канон и Акатист кон Пресвета Богородица
Молебен канон и Акатист кон Пресвета Богородица
12.09.2013.

Sample ImageСе известуваат сите верни чеда на Македонската православна црква дека по повод големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на 20. 09. 2013 година со почеток во 18.00 часот ќе се отслужи Вечерна богослужба со Молебен и Акатист на Пресвета Богородица, со која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

Утредента, со почеток во 08.00 часот ќе биде отслужена Света Божествена Литургија. Се покануваат сите верни чеда молитвено да присуствуваат на богослужбите во чест на раѓањето на Мајката Божја. Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе служи Света Божествена Литургија во Согленскиот манастир, посветен на раѓањето на Мајката Божја.

 

 
< Претходно   Следно >