


За православната вера и живот...
Настани во најава
Саем на книгата 2013 | Саем на книгата 2013 |
| 14.03.2013. | |
|
Почитувани,
![]()
Ве известуваме дека во рамките на првото учество на Македонската православна црква на годинешниот јубилеен 25-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 09. 04. 2013 година до 15. 04. 2013 година на Скопскиот саем, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и беспалтни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија. |
| < Претходно | Следно > |
|---|