


За православната вера и живот...
Настани во најава
Распоред на богослужби за претстојните празници | 4.01.2013. | |
|
![]()
![]()
05. 01. 2013 година – Свети Наум, Охридски Чудотворец 08, 00 часот - Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
06. 01. 2013 година – Бадник 08. 00 часот – Царски часови со Василиева Вечерна Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
07. 01. 2013 година – Рождество Христово - Божик 08, 00 часот - Архиерејска Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на Светиот Пантелејмон во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од сите намесништва на Повардарската епархија.
08. 01. 2013 година – Собор на Пресвета Богородица - втор ден Божик 08. 00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Кавадарци на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија.
09. 01. 2013 година - Св. архиѓакон и првомаченик Стефан - трет ден Божик 08. 00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во Негорци на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од гевгелиското намесништво на Повардарската епархија.
14. 01. 2013 година – Обрезание Христово; Св. Василиј Велики; Православна Нова година 08, 00 часот - Архиерејска Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на Светиот Пантелејмон во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од сите намесништва на Повардарската епархија.
18. 01. 2013 година – Водокрст; Св. мч-ци Теопемпт и Теона 08. 00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
19. 01. 2013 година – Богојавление - Водици
08. 00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Свето Вознесение Христово“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. По завршувањето на Литургијата ќе се формира литија од Црквата до Мало мовче каде што ќе се изврши осветување на водите на реката Вардар и ќе биде фрлен чесниот и животворен крст.
20. 01. 2013 година – Собор на Свети Јован Крстител 08. 00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во манастирот „Свети Јован Крстител“ во с. Ветерско на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|