Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Годишен црковно-народен Собор
Годишен црковно-народен Собор
8.10.2012.

 

Sample Image

 

Македонската православна црква-Охридска Архиепископија на 6 и 7 октомври во манастирот „Св. Богородица“ – Калишта, одржа редовен годишен Архиепископски Црковно-народен собор, по повод  одбележувањето на 45-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. Пред  почетокот на Соборот, на првиот работен ден, во манастирскиот храм  Света Богородица, Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на монасите и свештенството  на МПЦ, отслужи Архиерејска Божествена Литургија, во присутво на поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, членовите на САС на МПЦ и делегатите на Црковно- народниот Собор. „Без мене не можете да направите ништо“  вели Словото Божјо, и во тој дух, по светата Литургија, се изврши   призив на Светиот Дух за просветлување и очистување на срцата и умовите и со Божја помош успешо да почне и заврши годинашниов  Црковно- народен Собор.


 
 
 
< Претходно   Следно >